

Фудбалски тим кој работи со играчи до 16 години. Околина каде што се градат карактер, дисциплина и љубов кон спортот.
2017
Северна Македонија · Скопје · Скопје
Тим формиран во 2017 година,каде внимателно се негуваат идните спортисти и здравите млади луѓе. Нашиот процес на тренирање е изграден врз темелите на најсовремените европски методологии за развој на млади фудбалери, а секоја активност на теренот е строго прилагодена на возраста и индивидуалните способности на детето.
Се фокусираме на работа со млади играчи до 16 години. Свесни сме дека овие години се клучни за поставување на темелите што ќе го дефинираат нивниот иден спортски и животен пат. Сите што се дел од нашето фудбалско семејство добиваат можност да растат во здрава средина почитувајќи го природниот развој на детето, со што се обезбедува максимална ефикасност на секој тренинг.
Средина во која се гради карактер дисциплина и љубов кон спортот. Тренажниот процес е базиран на современи методи за развој на млади фудбалери, прилагодени на возраста и индивидуалните способности на секое дете. Техничко-тактичка едукација, моторички развој, како и правилно градење на физичка подготвеност. Тренинзите се структурирани со јасна цел– развој на играчка интелигенција, донесување одлуки во игра и разбирање на современиот фудбал.
ФК Бутел своите тренинзи ги одржува во Спортско-рекреативниот центар Радишани во Скопје, во одлични услови за работа и тренинг. Нашиот терен е место каде што сонот станува реалност и каде се градат карактер, дисциплина и спортски дух. Тренинзите се водени од УЕФА лиценцирани тренери со професионален пристап и организирана програма за работа по возрасни категории. За информации и запишување контактирајте нè на телефон 078 808 484 или на e-mail fkbutel@hotmail.com. Следете нè на социјалните мрежи за новости, тренинзи и натпревари: Facebook и Instagram– butel2017